• Firefox OS телефон со лисица
  • Firefox OS телефон
  • Firefox OS телефон со иконки

Firefox OS доаѓа во Македонија

Хакатон и презентации за програмери со мобилната лисица ќе се случи на 10 мај 2014 год. во просториите на ФИНКИ.


Firefox OS телефон

Програма за настанот

Овој настан е отворен за сите оние кои сакаат да се запознаат со Firefox OS и да научат за развојот на апликации. Во текот на настанот ќе биде организирана и работилница каде учесниците ќе можат со помош на менторите да изработат апликација за Firefox OS.

Потребно е да имате основни познавања од HTML, CSS и JavaScript, и заедно со Firefox прелистувач на вашиот лаптоп тоа е сè што ќе ви биде потребно за да ja изработите апликацијата.


09.00 - 10.00

Регистрација

Пријавете се и подгответе се.

10.00 - 10.30

Добредојде

Воведен говор на претставник на Mozilla.

10.30 - 11.00

Поставување на развојна околина со симулаторот на Firefox OS

Симулаторот за Firefox OS е основна алатка за развој на апликации. Пред да започнеме со кодирање ќе се осигураме дека секој правилно ја има поставено својата развојна околина и е подготвен за кодирање.

11.00 - 12.30

Кодирање - прв дел

Започнуваме со кодирање!

Менторите ќе ве упатат како да започнете со развојот на апликацијата.

12.30 - 13.30

Ручек и кратки инспиративни говори

Уживајте во ручекот и слушнете ги кратките говори на менторите на различни теми.

13.30 - 15.00

Кодирање - втор дел

Продолжуваме со кодирање, онаму кај што застанавме во првиот дел.

15.00 - 15.30

Разговор за технологијата позади Firefox OS

Говор на претставник на Mozilla за технологијата позади Firefox OS.

15.30 - 16.30

Кодирање - трет дел

Додавање на последните финеси и завршување на апликацијата.

16.30 - 17.30

Презентација и преглед на изработените апликации

Покажете го она на што сте работеле во текот на денот.

17.30 -

Забава!

Се упатуваме заеднички да го прославиме сработеното во текот на денот!

Повик за ментори

Ако имате искуство во програмирање, се снаоѓате во JavaScript и HTML тогаш можете да бидете ментор на овој настан. Пред настанот ќе организираме краток тренинг за сите ментори да се запознаат со деталите за спроведувањето на програмата.

Покрај програмерски вештини ќе ви треба и трпение и посветеност. Ќе треба да дојдете први на настанот и да останете со вашите ученици до самиот крај.


Повик за учесници

Ако сакате да се запознаете со FirefoxOS и знаете како да напишете "Hello World" во HTML и JavaScript тогаш можете да се пријавите! Местата се ограничени на 40 и пријавите важат по принципот кој прв.

Треба да дојдете со ваш лаптоп и желба за учење. Ние ќе обезбедиме кафе и колачиња.


Често Поставувани Прашања (ЧПП)

Каде се одржува настанот?

Соба 117 во зградата на Технолошко-металуршкиот факултет (ул. „Руѓер Бошковиќ“ 16). Штом ќе стигнете во објектот следете ги знаците со познатото лого на Firefox.

Кога се одржува настанот?

На 10 мај 2014 година со почеток во 9 часот наутро.

За кого е наменет настанот?

Настанот е наменет за програмери заинтересирани за програмирање на мобилни уреди. Знаењата базирани на отворени стандарди и технологии (HTML5, JavaScript) ќе ви користат и за други платформи освен Firefox OS.

Кој може да учествува?

Настанот е планиран за 40 учесници кои треба да поминат низ процесот на пријавување. Ако не се пријавите, а сте љубопитни, сепак можете да нѐ посетите.

Која е потребната опрема за учество?

Задолжително носете ваш лаптоп и полнач.

Известување за медиуми

Mozilla Македонија

26 април 2014 год.

Скопје – Локалната заедница на Mozilla со поддршка на Mozilla Inc. на 10 мај 2014 година ќе одржи настан за претставување и запознавање на FirefoxOS со домашната програмерска заедница.

Еднодневниот настан ќе им овозможи на учесниците директно (hands-оn) запознавање со новите технологии за мобилни уреди од Mozilla - FirefoxOS.

FirefoxOS e нов оперативен систем за мобилни телефони кој ја носи моќта на отворената мрежа на мобилните уреди и со тоа ќе им овозможи поголема приватност, слобода и контрола во секојдневното мобилно искуство.

Настанот ќе се одржи во просториите на ФИНКИ, ул. „Руѓер Бошковиќ“ 16, соба 117.

За повеќе информации посетете го firefoxos.mozilla.mk или контактирајте нѐ.

За Mozilla Македонија

Mozilla Македонија е група на волонтери од Македонија која помага во ширењето на вредностите што Mozilla ги промовира и технологите што ги произведува со цел да помогнат на луѓето да го контролираат и истражат целиот потенцијал на нивните животи на интернет.

http://mozilla.mk/

За Mozilla

Mozilla е светска заедница на технологисти, мислители и градители кои што работат заедно за да го одржат интернет жив и достапен, така што луѓето од целиот свет ќе можат да бидат информирани создавачи и придонесувачи на мрежата. Веруваме дека овој чин на човечка соработка на отворена платформа е суштински за поединечен развој и нашата заедничка иднина.

Контакт

За повеќе информации контактирајте со

Игор Стаматовски
071234233
igor.stamatovski@gmail.com.

Или пак, контактирајте нѐ на contact@mozilla.mk.

Firefox OS - хоризонтално лого на бело

Firefox OS - хоризонтално лого на сино

Firefox OS - вертикално лого на бело

Firefox OS - вертикално лого на сино

Firefox OS телефон со лого

Firefox OS телефон со иконки